03 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
На самитот во Копенхаген, каде европските лидери се собираат да решаваат за иднината на континентот, српскиот претседател Александар Вучиќ реши да го реши најголемиот европски предизвик: каде е неговото столче.
Видеото што кружи на социјалните мрежи изгледа како сцена од реалити шоу – сите седнати, мирни, дипломатски насмеани, само Вучиќ стои збунето како да влегол во погрешна сала на свадба.
Прво се огледуваше како да очекува дека некој ќе му мавне со рака: „Александар, тука сме, еве ти ја резервата со твое име!“ Но наместо тоа, присутните го гледаа со истиот интерес како што човек гледа мува на стакло – присутна, ама неважна.
Со храбар чекор, претседателот се упати кон стол што очигледно не беше негов. Но, таму веднаш му беше ставено до знаење: „Извини, ова е зафатено.“
Во тој момент, Вучиќ изгледаше како ученик кој се обидува да седне во клупа на „лошите момци“, ама наставничката го враќа назад на последниот ред.
Како за крај на оваа дипломатска опера, успеа и да скрши стол. Ако ништо друго, барем остави траен впечаток. Додека другите лидери дискутираа за климатски промени и економски реформи, Србија беше единствената земја која директно придонесе за проблемот со отпадот – со ново скршен мебел.
Наместо по говори или иницијативи, Вучиќ повторно ќе остане запаметен по своите авантури со седнување. Ако продолжи со овој тренд, следниот пат Европската унија веројатно ќе мора да воведе работна група за стабилност на мебел и протокол за пронаоѓање столови – специјално за него.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден