03 јуни 2025
• од Гоце Кически
Премиерката на Италија, Џорџа Мелони, одржа разговори со премиерот на Словачка, Роберт Фицо, и со претседателот на Франција, Емануел Макрон, при што во фокусот беа војната во Украина и трајниот мир за земјата.
Фицо, кој пристигна во резиденцијата на премиерката во палатата Чиги околу 16 часот, разговараше со Мелони за развојот на билатералните односи и можноста за понатамошна соработка во областа на енергетиката, соопшти словачката влада.
„Многу го ценам прагматичниот пристап на вашата премиерка. Навистина ми се допаѓа нејзиниот начин на справување со прашањата,“ изјави Фицо по средбата.
„Се фокусиравме на војната во Украина. Претседателката на Советот беше многу заинтересирана за мојата позиција, бидејќи Словачка е соседна земја, секако,“ рече тој.
Фицо додаде дека разговарале и за иднината на енергетската безбедност во Европа по целосното запирање на испораките на руски гас.
„Мислам дека има земји во ЕУ кои сакаат да ја продолжат оваа војна со идејата дека тоа ќе ѝ наштети на Русија. Не мислам дека таа стратегија функционира,“ нагласи Фицо.
Инаку, Фицо е контроверзна фигура во Словачка, каде што неговите критичари го обвинуваат за проруски ставови. Во јануари тој се закани дека ќе ја прекине финансиската помош за над 130.000 украински бегалци во Словачка, како дел од мерки за одмазда против Киев поради запирањето на транспортот на руски гас преку словачка територија. Тој исто така изјави дека Украина никогаш нема да биде примена во НАТО, ја запре воената помош за Украина и ги критикува санкциите на ЕУ против Русија — ставови кои се во спротивност со европскиот мејнстрим.
Во заедничкото соопштение на двете влади се наведува дека Мелони и Фицо разговарале за поддршка на „праведен и траен мир во Украина“ и за обнова на земјата во пресрет на Конференцијата за обновата на Украина, која Италија ќе ја организира во јули 2025 година.
Средба со Макрон
Подоцна во вторникот, Мелони го пречека и францускиот претседател Макрон, со кого разговараше за Украина, Газа, односите со Европската унија и администрацијата на Трамп.
„Премиерката Мелони е дел од колективниот формат на Коалицијата на спремни. Таа присуствуваше на состаноците во Париз и Лондон, а Италија е важен партнер,“ соопшти Елисејската палата во понеделникот.
Станува збор за група европски земји, предводена од Макрон и британскиот премиер Киер Стармер, која работи на продолжување на поддршката за украинските вооружени сили и создавање сила за гарантирање на безбедноста во поствоената фаза.
Покрај Италија, во коалицијата се вклучени и Германија, Данска, Грција, Португалија, Романија и други.
Италијанската влада соопшти дека двете земји имаат „заеднички позиции“ за многу прашања, но се забележуваат разлики, особено во однос на воената поддршка за Украина. Макрон зазеде поагресивен став, додека Италија вообичаено останува повоздржана.
Макрон навести можност за присуство на западни трупи на теренот во Украина, додека Мелони претпочита проширување на заштитата на НАТО кон Киев, идеја која засега не наоѓа поширока поддршка меѓу сојузниците.
Мелони не присуствуваше на патувањето на Макрон во Киев во средината на мај, ниту пак на работната средба на лидерите на Коалицијата на спремни во Тирана.
Очекувањата од средбата и работната вечера во Рим беа да се намалат разликите и да се разговара за економска соработка меѓу Италија и Франција, а Мелони се надева да најде заеднички позиции со Макрон и за миграцијата и трансатлантските односи.