21 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
Шведска ќе ѝ обезбеди на Украина директна буџетска поддршка во износ од 200 милиони американски долари во текот на 2026 година. Ова го соопшти украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибига, пренесува украинската новинска агенција УНИАН.
Според Сибига, Шведска уште од самиот почеток на војната покажува лидерство и служи како пример за другите земји. Во август таа стана првата држава што ѝ одобри на Украина директна буџетска помош од 75 милиони долари, а со новата финансиска поддршка го потврдува својот ангажман и солидарност.
Средствата ќе бидат наменети за покривање на секојдневните потреби на украинските граѓани во услови на војна. Тие ќе се користат за финансирање на државните услуги, енергетскиот систем, здравството, образованието, исплата на пензии и други социјални давачки.
Оваа помош претставува значаен придонес за стабилноста на украинската економија и функционирањето на државата во време на продолжени воени предизвици.
Ѓорѓиевски најавува албански изведувач за новогодишната прослава во Скопје
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

