20 јануари 2026
• од Станча Јаќимовски
Шпанија во вторникот започна три дена национална жалост по тешката железничка несреќа што се случи на југот од земјата. Знамињата се спуштени на половина копје, а спасувачките екипи и понатаму го пребаруваат местото на несреќата.
Властите сè уште ги истражуваат причините за инцидентот. Министерот за транспорт на Шпанија, изјави дека несреќата е „чудна“, затоа што се случила на прав дел од пругата и возовите не се движеле со голема брзина.
Според претседателот на регионалната влада на Андалузија, бројот на загинати се зголемил на 40 лица. Тој предупреди дека бројката можеби не е конечна, бидејќи спасувачите сè уште бараат жртви меѓу остатоците од уништените вагони.
Министерот за внатрешни работи на Шпанија, изјави дека постои можност да има уште три тела заглавени во остатоците од несреќата. Тие сè уште не се вклучени во официјалниот број на загинати.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

