TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 ден
Купи сега
СВЕТ

Шекеринска: Нормализацијата меѓу Србија и Косово е клучна за безбедноста на Балканот

24 декември 2025

• од Станча Јаќимовски

Недостатокот на политичка волја во Белград и Приштина за конструктивно учество во процесот на нормализација е сериозно загрижувачки и претставува клучна пречка за стабилноста и безбедноста на целиот Западен Балкан. Ова го истакна заменик-генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска, во интервју за порталот „Косово онлајн“.

Според Шекеринска, Западен Балкан останува регион од стратешко значење за НАТО, а стабилноста на Европа е неразделно поврзана со стабилен Балкан. Таа нагласи дека Алијансата нема да дозволи создавање безбедносен вакуум и дека нејзината посветеност кон регионот е непоколеблива.

„Гледаме загрижувачки трендови – сецесионистички закани во Босна и Херцеговина, кревка безбедносна ситуација во Косово и недоволна подготвеност на Белград и Приштина конструктивно да се вклучат во дијалогот за нормализација“, изјави Шекеринска, додавајќи дека авторитарни режими, како Русија, се обидуваат да ги искористат внатрешните слабости во регионот преку дезинформации, сајбер закани и други форми на малигно влијание.

КФОР – клучен столб на безбедноста

Во однос на безбедносната состојба во Косово, Шекеринска ја оцени улогата на КФОР како фундаментална. Таа потсети дека станува збор за најдолгата и моментално најголемата мисија во историјата на НАТО, која работи во согласност со Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН.

По насилствата во 2023 година, НАТО распореди дополнителни 1.000 војници и го зголеми присуството во северно Косово, што претставува најголемо засилување на мисијата во последната деценија. КФОР, како што нагласи таа, има видливо и флексибилно присуство и е подготвен да одговори на секој безбедносен предизвик.

„Ситуацијата е мирна, но сè уште кревка. Затоа не смееме да бидеме самозадоволни“, истакна Шекеринска.

Дијалогот е единствениот пат

НАТО, според неа, силно го поддржува дијалогот меѓу Белград и Приштина, посредуван од Европската Унија, како единствена рамка за трајно решавање на отворените прашања. Таа ги повика двете страни да учествуваат со добра волја и да ги спроведат веќе постигнатите договори.

„Дипломатијата мора да има предност пред насилството. Политичкото водство и храброста за компромис се неопходни за напредок“, нагласи таа.

НАТО и евроатлантските аспирации на Косово

Осврнувајќи се на стремежите на Косово за членство во НАТО, Шекеринска истакна дека таквиот процес бара консензус меѓу сите земји-членки и дека напредокот во нормализацијата на односите со Србија ќе биде одлучувачки фактор.

„Ги охрабруваме институциите во Косово да покажат флексибилност и напредок во дијалогот со Србија. Тоа ќе биде клучно за секој чекор кон евроатлантските аспирации и за долгорочната безбедност на регионот“, порача таа.

Србија – партнер со важна улога

Шекеринска нагласи дека НАТО ја почитува политиката на воена неутралност на Србија и дека соработката меѓу двете страни е широка и долгорочна. Сепак, таа потенцира дека Алијансата смета на Србија да игра конструктивна улога во регионот и со добра волја да се вклучи во дијалогот со Приштина.

„Поголема стабилност значи поголем просперитет за Србија и поголема безбедност за целиот Западен Балкан“, заклучи заменик-генералната секретарка на НАТО.

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
Последни вести
СВЕТ
26 декември 2025

Демант од Србија: Не е точно дека Македонија забранила српски киви – реагирано е за грчки производ

ВРЕМЕ
26 декември 2025

Зимата тропа на врата: Снег и силен студ ја очекуваат Македонија за празниците

МАКЕДОНИЈА
26 декември 2025

Статистика: Расте бројот на Албанците во С. Македонија, се намалува бројот на Македонците

МАКЕДОНИЈА
26 декември 2025

Филипче ја обвини Владата за енергетската криза, Мицкоски возврати со ироничен одговор

МАКЕДОНИЈА
26 декември 2025

Кумановци ќе протестираат против ретроактивното оданочување на приходите од странство

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
26 декември 2025

Додека регионот плаќа 5 до 10 евра, Македонија има најскап зелен картон

МАКЕДОНИЈА
26 декември 2025

Герасимовски: Целосна поддршка за протестот за УСЈЕ, потребни се ригорозни санкции

МАКЕДОНИЈА
26 декември 2025

ФЗО најавува казни за лекарите што препишуваат премногу антибиотици

МАКЕДОНИЈА
26 декември 2025

Протест на ГИ „Стоп за Усје“: Се бара дислокација на цементарата поради загадувањето на воздухот

ДРУГО
26 декември 2025

Денес се празнува споменот на Светите петмина маченици – Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
25 декември 2025

Полска пресретна руски разузнавачки авион над Балтичкото Море

СВЕТ
25 декември 2025

Зеленски разговараше за мирот во Украина со пратениците на Трамп

СВЕТ
25 декември 2025

Руски суд осуди познат критичар на Путин на шест години затвор

МАКЕДОНИЈА
25 декември 2025

Филипче: Сомнителен капитал одбиен во ЕУ, прифатен во Македонија

МАКЕДОНИЈА
25 декември 2025

ДУИ остро реагира на отпуштањата во Министерството за односи меѓу заедниците

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
25 декември 2025

Вооружена пресметка во Арачиново: Пукање меѓу две возила, оштетен автомобил на случаен минувач

МАКЕДОНИЈА
25 декември 2025

24-годишен скопјанец крвнички претепал полицаец за време на протест на Бит Пазар

МАКЕДОНИЈА
25 декември 2025

Лукаревска: Владата ги преполови средствата за борба против загадениот воздух

МАКЕДОНИЈА
25 декември 2025

Али Ахмети: Албанците од дискриминирани станаа фактор за државноста на Македонија

МАКЕДОНИЈА
25 декември 2025

Жерновски ја критикува Владата по прогласувањето на кризна состојба: „Неспособни сте!“

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
25 декември 2025

Ахмети: Албанскиот јазик е официјален, не е само јазик што се зборува на пазар

МАКЕДОНИЈА
25 декември 2025

Тошковски: Ако е дозволено 50 км/ч, „Безбеден град“ ќе евидентира прекршок на 57 км/ч

МАКЕДОНИЈА
25 декември 2025

Ахмети: Југословенските служби ги гонеа Македонците како поддржувачи на Голема Бугарија

МАКЕДОНИЈА
25 декември 2025

Скандал во Министерството за односи меѓу заедниците: Стоилковиќ отпуштил седум Албанци од работа

СВЕТ
25 декември 2025

Зеленски: Кина ѝ обезбедува космичко разузнавање на Русија

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
25 декември 2025

Затворени девет новогодишни куќарки во струшката чаршија поради сериозни хигиенски пропусти

ДРУГО
25 декември 2025

Денеска го славиме Свети Спиридон Чудотворец – пример на смирение, вера и Божја сила

МАКЕДОНИЈА
24 декември 2025

„Не ни треба помош“: Скопје ја одби понудата на Софија за мазутот

TEMU

Реклама

Ненадминливи Понуди Дневно

ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии

4.8 (10276 рецензии)


54 ден

206 ден
73% ПОПУСТ

Заштедете 152.00 ден

Купи сега