13 септември 2025
• од Гоце Кически
Нов извештај на Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации открива драматично влошување на состојбата со човековите права во Северна Кореја, земја која останува симбол на најцрниот комунистички тоталитаризам.
Според интервјуа со повеќе од 300 бегалци во изминатата деценија, Северна Кореја денес е поизолирана од кога било досега. Жителите се изложени на непрекината државна пропаганда и се соочуваат со невидена репресија, која според ОН е потешка од било каде во светот.
Извештајот бележи нагло зголемување на користењето на смртната казна, вклучувајќи и за „прекршоци“ како гледање или споделување странски филмови. Сведоштва на бегалци потврдуваат дека од 2020 година има се повеќе јавни стрелања со цел да се застраши населението.
„Ова е метод на контрола за да се блокираат очите и ушите на народот, и да се елиминираат дури и најмалите знаци на незадоволство,“ изјави еден од преживеаните.
ОН наведуваат дека режимот често испраќа сираци и сиромашни луѓе во рудници за јаглен и други опасни работни места – јасен доказ за варварската експлоатација која е длабоко вкоренета во комунистичкиот систем. Во меѓувреме, гладот продолжува да ги коси граѓаните, со државни политики кои директно ја прекршуваат нивната основна човекова потреба – правото на храна.
Волкер Тирк, Високиот комесар за човекови права на ОН, ја опиша последната деценија како „изгубена“ за Северна Кореја.
„Ако режимот продолжи по истата патека, населението ќе биде осудено на уште повеќе страдање, репресија и страв,“ предупреди тој.
Сепак, извештајот носи и искра на надеж: стотици интервјуа потврдуваат „јасна и силна желба за промена“, особено меѓу младите луѓе.
BULGARIA 2025: НАТО и Бугарија покажаа единство и сила во справувањето со кризи
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден