07 јуни 2025
• од Гоце Кически
Сенаторот Линдзи Греам од Јужна Каролина решително ја поддржа својата предлог-законска иницијатива за "сурови" санкции против Русија, кои, како што вели, ќе бидат „разорни“ за руската економија. Предлог-законот предвидува воведување тарифи од 500 проценти за секоја држава која купува енергенси од Русија, со цел да ја уништи економската машина на Владимир Путин и да го скрати финансирањето на воената агресија против Украина.
„Русија игра на наш грб, а ние мора да ја присилиме да преговара“, рече Греам, кој ја нарече мерката „една од најдрастичните санкции некогаш предложени“. Поддршката за оваа законска иницијатива е широка: досега 82 сенатори ја потпишаа, а во Претставничкиот дом веќе се подготвува сличен предлог-закон.
Демократот Ричард Блументал, ко-спонзор на законот, порача дека „ова е единствен начин да му се покаже на Путин дека САД и нивните сојузници нема да дозволат финансирање на војната преку продажба на енергенси“.
Иако некои експерти предупредуваат дека 500-процентните тарифи може да предизвикаат пореметувања во синџирите на снабдување и да ги погодат и американските потрошувачи, најважно е да се покаже единство и одлучност кон авторитарните режими како оној на Путин. „Санкциите мора да бидат жестоки за да ја скршат руската воена економија“, порача сенаторката Џин Шахин.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го поздрави предлогот на Греам како „уште еден важен чекор кој го засилува заедничкиот притисок врз Кремљ“.
На глобално ниво, предлог-законот би испратил јасна порака: диктатурите кои го кршат меѓународното право и ги напаѓаат своите соседи нема да можат безбедно да заработуваат пари преку продажба на ресурси. За демократиите, ова е прилика да се сплотат и да ја заштитат глобалната безбедност и просперитет.
Иако некои републиканци, како сенаторот Ренд Пол, изразија скептицизам, преовладува ставот дека санкциите се неопходни алатки во борбата против автократијата и во поддршката за Украина.
„Путин ќе го почувствува товарот на ова законодавство“, рече Греам. „САД и нашите сојузници нема да дозволат диктаторите да продолжат да водат војни без последици.“
Во време кога преговорите меѓу Украина и Русија тапкаат во место, одлучноста на американските законодавци да ја зголемат цената за Путин е вистинскиот пат – и јасна порака до светот дека демократијата нема да молчи.
В'лчев со критики за ЕУ-извештајот: Не е работа на парламентот да признава идентитет
Приведен возач во Кавадарци поради управување со возило под дејство на алкохол