22 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Американските државјани кои не можат да го напуштат Иран треба да бидат подготвени да останат засолнети на едно место подолг временски период, предупреди Стејт департментот на САД, повторувајќи дека не се очекува директна евакуација со помош на американската влада.
Во ажурираното упатство од неделата, издадено по бомбардирањето на три ирански нуклеарни објекти од страна на САД, се истакнува дека „американските граѓани кои сакаат да го напуштат Иран треба да ги искористат постојните можности за заминување“.
САД немаат дипломатско претставништво во Иран, а Швајцарија, која обично нуди конзуларна помош на американските граѓани во Иран, го затвори своето канцелариско претставништво до понатамошно известување.
„Стејт департментот отвори форма за кризни ситуации преку која американските државјани во Иран можат да поднесат информации за потребна конзуларна помош. Сепак, поради ограничувањата за пружање конзуларна поддршка во Иран, не се предвидува директна евакуација со помош на американската влада“, се наведува во упатството.
Исто така, се предупредува дека американските државјани со двојно државјанство (американско и иранско) мора да излезат од Иран со ирански пасоши и треба да бидат подготвени на можни контроли и испрашувања од иранските власти пред заминувањето.
„Иранската влада не признава двојно државјанство и ќе ги третира лицата со двојно американско-иранско државјанство исклучиво како ирански граѓани“, стои во соопштението.
Според информациите на CNN, стотици Американци веќе избегале од Иран поради ескалацијата на конфликтот со Израел, покажува интерен извештај на Стејт департментот.
Скопјанец повредил својата ќерка (4) при семејно насилство – предложен притвор
Как се случи операцијата „Midnight Hammer“ на САД врз иранските нуклеарни капацитети