14 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека Русија претрпува „потресувачки загуби“ во војната против Украина и предупреди да не се прифаќа наративот кој ја прикажува Москва како „моќна мечка“.
На заедничка прес-конференција со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул и баварскиот премиер Маркус Зедер, одржана во рамки на Минхенска безбедносна конференција, Руте нагласи дека постои широка согласност меѓу министрите за одбрана на земјите членки на НАТО за зголемување на поддршката за Украина.
„Русите претрпуваат потресувачки загуби од ден на ден. Во декември имале 35.000 загинати, а во јануари 30.000“, изјави тој.
Руте истакна дека не треба да се потпаѓа под влијанието на руската пропаганда.
„Русија сака да биде перцепирана како моќна мечка, но може да се каже дека напредува во Украина со брзина на градински полжав. Да не го заборавиме тоа и да не западнеме во стапицата на руските наративи“, порача генералниот секретар.
Изјавите на Руте следуваат по состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел, каде, како што рече, сојузниците изразиле широка поддршка за одржување и засилување на помошта за Киев.
Тој нагласи дека соработката меѓу НАТО и Европската унија е на историски високо ниво.
„Сметам дека соработката меѓу НАТО и ЕУ веројатно никогаш не била толку силна како денес“, истакна Руте.
Осврнувајќи се на атмосферата на состанокот во Брисел, тој посочи дека почувствувал „промена во размислувањето“, особено кај европските сојузници.
„Со години, дури и со децении, САД изразуваа незадоволство поради недоволното европско финансирање на одбраната. Тоа се промени по самитот во Хаг“, рече Руте.
Според него, европските членки сè повеќе преземаат одговорност за сопствената безбедност и покажуваат поголема лидерска улога во рамките на Алијансата.
„Ова е навистина значајна промена. Силна Европа и силно НАТО значат и посилна трансатлантска врска од кога било досега“, заклучи генералниот секретар.
Еден од само 50 Maserati Grecale Tributo Il Bruciato е во сопственост на Бугарка
Бугарското собрание го ратификуваше Договорот за железничкиот тунел на Коридор 8
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

