02 јануари 2026
• од Станча Јаќимовски
Првото повлекување на готовина во евра од банкомат во Бугарија е регистрирано во туристичкото место Сончев Брег, само 20 секунди по полноќ. Од платежната система БОРИКА соопштија дека преминот кон еврото поминал непречено и дека веќе се реализирани првите успешни трансакции за 2026 година.
Во 00:00:20 часот е евидентирано првото успешно подигање евра од банкомат во Сончев Брег. Само неколку минути подоцна, во 00:03:00 часот, е реализирана и првата успешна трансакција во евра преку инфраструктурата на БОРИКА, извршена со SoftPOS уред во Софија, со што симболично е означен почетокот на нова фаза за бугарскиот финансиски систем.
Во 00:04:55 часот е забележано и успешно донирање во евра преку виртуелен ПОС терминал, што дополнително го потврдува успешниот старт на работењето со новата валута.
Од БОРИКА истакнуваат дека иако плаќањата за корисниците се одвиваат за само неколку секунди и носат чувство на удобност, зад тој процес стои огромен напор на бројни професионалци. Тие работеле интензивно во новогодишната ноќ со цел да се минимизираат прекините и да се обезбеди беспрекорна миграција кон еврото.
„Изразуваме благодарност до тимот на БОРИКА, како и до сите експерти и колеги од финансискиот сектор кои синхронизирано овозможија еден од најсложените премини во поновата историја на бугарските финансии“, соопштуваат од компанијата.
Поднесено обвинение за злоупотреби и измами при јавни набавки во РЕК Битола
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

