28 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Во населбата Лозен, во близина на бугарската престолнина Софија, започна изградбата на првиот приватен научно-технолошки парк во земјата — Lozen Tech Park. Овој амбициозен проект, вреден околу 400 милиони лева (приближно 200 милиони евра), е инвестиција на германската групација Lindner, една од најголемите странски инвеститори во Бугарија.
Lozen Tech Park е замислен како иновативен комплекс кој ќе обедини технолошки компании, истражувачко-развојни центри, стартапи, универзитети и институции од Бугарија и странство. Планирано е проектот да се развива во три фази: изградба на станбени објекти, развој на самиот технолошки парк, како и формирање на образовна инфраструктура. Во рамките на технолошкиот парк веќе се изградени две згради, а уште две се во фаза на изградба. Посебен акцент ќе има и отворањето на германско училиште, кое од септември ќе прими 605 ученици.
На свеченоста по повод стартот на изградбата присуствуваа високи бугарски и европски функционери, меѓу кои поранешниот бугарски претседател Росен Плевнелиев (2012–2017), заменик-премиерот Томислав Дончев, градоначалникот на Софија Васил Терзиев, како и претставници на Европската комисија во Бугарија и локалните власти.
Плевнелиев го опиша Lozen Tech Park како модерен „град на кратките патишта“, каде што сè е достапно — работното место, училиштето, домот и природата. Тој нагласи дека локацијата, сместена меѓу две планини со свеж воздух и прекрасни панорами, е совршена за спојување на урбаното живеење со природната средина.
„Ова е вистински град во градот — место каде луѓето ќе можат да живеат, да работат и да ги испраќаат своите деца на училиште пеш, без да го напуштат локалниот екосистем“, изјави Плевнелиев, додавајќи дека се планираат дополнителни инвестиции во регионот помеѓу Лозен и Герман.
Со ваквиот проект, Бугарија се позиционира како сè поатрактивна дестинација за технолошкиот развој и иновациите во Југоисточна Европа.