СВЕТ

Повторен напад врз нуклеарната централа Фордо во Иран

23 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

Иранската нуклеарна централа во Фордо повторно беше мета на напад, пренесуваат неколку државни и медиуми блиски до властите во Иран, повикувајќи се на портпаролот на провинцијата Куом, каде што е лоцирано построението.

Според полуслужбената новинска агенција Тасним, зад нападот стои Израел. Портпаролот на провинцијата Куом изјавил за ИСНА (Иранската студентска новинска агенција) дека „нема опасност или закана за граѓаните“.

Нападот следи по американските воздушни удари извршени во саботата вечер, кога беа целени три клучни нуклеарни објекти на иранскиот режим – Фордо, Натанц и Исфахан. Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД „успешно“ ги погодиле објектите, како дел од ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Иран кој трае веќе втора недела.

Построението во Фордо претставува едно од најзначајните нуклеарни локации во Иран, врежано длабоко во планина со цел да биде заштитено од воздушни напади.

Останува неизвесно колкави се штетите на самите построенија и дали нападите ќе имаат долгорочно влијание врз иранската нуклеарна програма. Меѓународната заедница со зголемена загриженост ги следи случувањата, стравувајќи од натамошна ескалација на насилствата во регионот.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

GoFundMe icon

© 2025. Сите права запазени