14 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Во повеќе градови низ Србија вечерва се одржаа протести под слоганот „Србијо, пробуди се“, организирани од граѓани и студенти, како реакција на инцидентите и политичките случувања во земјата.
Протестите најчесто започнуваа мирно пред просториите на Српската напредна странка, но во бројни градови доаѓаше до тензии и судири со симпатизери на владејачката партија.
Во главниот град Белград, протестот беше обележан со силно присуство на жандармеријата и полицијата. Органите на редот користеа шок-бомби и солзавец за да ја растурат толпата. Министерот за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, изјави дека се повредени шест полицајци, а приведен е и значителен број граѓани.
На социјалните мрежи се појави вознемирувачко видео од улицата Неманина, каде полицајци приведуваат двајца млади лица, а едниот од нив, кој лежи на подот, е наизменично удиран во главата додека се обидува да го заштити лицето. Овој снимок предизвика остри реакции и обвинувања за полициска бруталност и прекумерна употреба на сила.
Во Нови Сад, демонстрантите користеа пиротехнички средства, а беа оштетени и просториите на СНС во центарот на градот. На интернет се појавија фотографии од лице кое држи пиштол, за кое министерот Дачиќ рече дека било на службена задача за обезбедување на заштитена личност.
Во Ниш протестот помина без поголеми инциденти, но жандармеријата беше присутна и во Валево, Крагуевац и Чачак. Во Врање, пак, силни полициски сили спречија блокада на крстосницата пред просториите на СНС.
Овие протести следат по немирите во Врбас и Бачка Паланка, и се дел од пошироко незадоволство на граѓаните, кои велат дека сакаат промени, повеќе демократија и одговорност од институциите.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден