По 22 години борба, Соња (57) и Марко (69) станаа родители на девојче
Соња (57) и Марко (69) Миротиќ од Црна Гора ја потресоа јавноста на почетокот на годинава со веста дека по 22 години обиди, конечно очекуваат дете. Нивната борба се круниса со раѓањето на ќерката Богдана, и покрај нивните познати години, што ги прави еден од најстарите парови што станале родители на Балканот.
Иако Соња е една од највозрасните жени што родила за првпат во регионот, вели дека слушнала и за друга жена која родила на 61 година, во Скопје, но не знае дали е од таму.
„Бевме кај доктор Младен Ристовски, добивме одличен прием, консултации и терапија“, изјави таа за РТС. „Фала му на Бога, успеавме“, додава таа со возбуда.
Поддршка и покрај критиките
Иако нивната одлука да станат родители во подоцнежни години предизвика и негативни коментари, Соња и Марко велат дека не се обесхрабруваат. Имаат голема поддршка од социјалните мрежи, роднините, пријателите и соседите. „Да, имаше славење, тоа повеќе го знае маж ми, јас бев во болница, ама знам дека се славеше“, вели Соња.
Не кријат дека Соња посакува да роди и син. Засега тоа е само тема на разговор со Марко, но одлучувачки фактор ќе биде мислењето на лекарите. Во меѓувреме, целосно се посветени на грижата за нивната тримесечна ќерка Богдана.
На работ да се откажат
Марко и Соња се во брак 23 години. Еден период, по многу неуспешни обиди и лекарски посети, одлучиле да се откажат од идејата за дете. „Сè беше безуспешно, се откажавме. Но, нашата блиска пријателка Зденка Живковиќ не охрабри повторно“, споделува Соња.
Во јули, поради претходни компликации, ѝ бил извршен ембриотрансфер. „Пет ембриони беа оплодени, два ми вбризгаа, еден се задржа, а уште три се замрзнати“, објаснува таа. Со гордост додава дека тие биле најстариот брачен пар меѓу многу млади пациенти, некои и на 19–20 години.
„Никогаш нема да го заборавам моментот кога Марко дојде со резултатот. Ги видов бројките и почнав да скокам од радост, да плачам, вриштам, се смеам. Едвај ме смири. Тоа беше неверојатен момент“, заклучува Соња.
Нивната приказна е сведоштво за упорноста, љубовта и надежта која не познава возраст.