17 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Папата Лав XIV изрази длабоко сочувство за жртвите на последните руски напади врз Украина, при кои животот го загубија и беа повредени цивили, меѓу кои и деца. Во својата порака тој истакна дека со загриженост ги следи вестите за ракетните напади што продолжуваат да погодуваат повеќе украински градови, вклучително и главниот град Киев.
„Со тага ги следам вестите за нападите кои и понатаму погодуваат бројни украински градови, меѓу нив и Киев. Овие напади предизвикуваат човечки жртви и повредени, меѓу кои и деца, и нанесуваат сериозни оштетувања на цивилната инфраструктура, оставајќи семејства без покрив над глава токму во периодот кога пристигнува студот“, напиша папата.
Тој ги повика луѓето да не се навикнуваат на војната и уништувањето, нагласувајќи дека човештвото не смее да прифати таква реалност како нешто нормално.
„Да се помолиме заедно за праведен и траен мир во Украина, земја разорена од војната“, додаде тој.
Според најновите информации, бројот на погодените од масираниот руски напад врз Киев во петок, 14 ноември, се искачи на 36 лица, од кои шестмина го загубија животот.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

