СВЕТ

Операција Пајажина: Украина ја пренапиша историјата на војување со нападот на руските авиони

02 јуни 2025

• од Гоце Кически

Американскиот колумнист Макс Бут од „Вашингтон пост“ во својата најнова колумна пишува дека нападот со дронови извршен од Украина против руските воздушни бази минатата недела е историски настан што ги пренапиша правилата на војување. Нападот, наречен „Операција Пајажина“ (Operation Spiderweb), според Бут, ја потсети светската јавност на ненадејниот напад врз Перл Харбор во 1941 година, но со современа технологија и нови правила на игра.

На 7 декември 1941 година, јапонската морнарица ја нападна „неосвојливата тврдина“ Перл Харбор, што доведе до ерата на носачите на авиони како доминантна сила во поморската војна. Слично, Украина во неделата успеа да изведе изненадувачки напад врз пет руски воздушни бази, од кои две се наоѓаат илјадници километри подалеку во северниот дел на Русија и Сибир. Украинската разузнавачка служба, СБУ, користела голем број дронови, транспортирани тајно во дрвени кутии и управувани со далечински управувачи.

Претседателот Володимир Зеленски тврди дека овој напад уништил или оневозможил една третина од руските бомбардери што ги користат за напади врз Украина. Меѓу оштетените авиони, според извештаите, се наоѓаат стратешките бомбардери Ту-95 и Ту-22, како и авиони за рано предупредување А-50, слични на американските AWACS.

Руски воени блогери веднаш го споредија нападот со оној врз Перл Харбор, иако разликата е очигледна: додека Перл Харбор означи почеток на нова војна, нападот на Украина е обид за самоодбрана од агресијата што ја започна Владимир Путин во 2022 година. Но, според Бут, сличноста е во тоа што и двата напади може да значат крај за некогаш доминантните воени системи — бојните бродови во 1941, а денес можеби и пилотираните авиони.

Овој напад, извршен со релативно евтини дронови кои можеби чинеле десетици илјади долари, според проценките нанеле штета од околу 2 милијарди долари на руската авијација. Нападот ги откри и слабостите на воздушните бази, дури и во држави со стриктни безбедносни мерки како Русија. Бут предупредува дека ваквите тактики би можеле да ги искористат и други земји: Кина против САД, Пакистан против Индија, или Северна Кореја против Јужна Кореја.

Во време кога Украинците се соочуваат со недостаток на муниција за противвоздушните системи „Патриот“, овој напад бил креативен обид да се ослабат руските капацитети за лансирање ракети уште на пистите. Зеленски му покажа на Трамп — кој неодамна изјави „Немате карти во рака“ — дека украинската инвентивност е најсилната карта.

Иако нападот нема да биде пресуден удар за руската армија, Бут нагласува дека покажува колку се адаптибилни и решителни Украинците. Нападот доаѓа во критичен момент кога се закажани нови преговори во Турција, а Украина со своите дела јасно порачува дека нема намера да се предаде.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени