15 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, во видеообраќање пренесено од „Канал 12“, изјави дека иранскиот режим двапати се обидел да го убие поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп.
„Иранскиот режим денес ги бомбардира нашите цивилни квартови, додека ние се целиме кон терористите. Ова не е ништо ново. Тие се обидоа двапати да го убијат претседателот Трамп. Напаѓаа американски амбасади. Ги убија 241 американски маринец во Бејрут. Убија и ранија илјадници Американци со нивните импровизирани експлозивни направи во Ирак и Авганистан“, изјави Нетанјаху.
Тој додаде дека Иран „пали американски знамиња“ и непрекинато скандира „смрт за Америка“. Според него, заканата што ја претставува иранскиот режим не се однесува само на Израел, туку на целиот слободен свет.
„Нашиот непријател е и ваш непријател. Она што ние го правиме сега е борба што на крај ќе ги засегне сите. Нашата победа ќе биде и ваша победа“, рече Нетанјаху, нагласувајќи дека Израел ја брани слободата во Блискиот Исток и пошироко – вклучително и Европа и САД.
Тој истакна дека Израел се спротивставува на „тираничниот и радикален режим во Иран“, кој, според него, се обидува да создаде нуклеарни бомби и балистички ракети со глобален дострел.
„Со тоа што се браниме самите себе, ние ги браниме и другите – нашите арапски соседи, пријателите низ светот, Европа, и помагаме во заштитата на САД, кои постојано ни помагаат“, додаде израелскиот премиер.
Нетанјаху откри и дека израелски пилоти делувале во воздушниот простор над Техеран и порача дека „ќе го погодат режимот на ајатоласите на начин кој тие не можат ни да го замислат“.
„Имаме индиции дека иранското раководство веќе го собира багажот – тие чувствуваат што доаѓа. Ако не се дејствува, светот се соочува со нуклеарен тероризам на стероиди“, предупреди Нетанјаху.
Во обраќањето тој исто така му го честиташе роденденот на Доналд Трамп и 250-годишнината на американската армија.