28 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Бугарија оваа година испишува уште една успешна бизнис-приказна. По повод својот 25-годишен јубилеј, познатиот бренд за уредување и подобрување на домот Mr. Bricolage го отвори својот најнов и најмодерен магазин во главниот град Софија, со што ја зацврсти позицијата на лидер во DІY („Направи сам“) културата во државата. Новиот модел-објект, именуван како Mr. Bricolage XOPark, е вистински храм за сите љубители на креативноста, градинарството и современи решенија за домот.
На самиот почеток на прославата, посетителите беа пречекани со простор од импресивни 12 000 квадратни метри, осмислен според највисоки стандарди. Магазинот ги комбинира најновите технолошки решенија, интерактивни дигитални алатки и понуда од над 50 000 производи, правејќи го најголемиот и најиновативен објект во портфолиото на компанијата.
Меѓу најатрактивните зони е и 4000 кв.м обемниот оддел „Градина“, специјализиран тонирачки центар, експо-зони во стил на „шоурум“ за бања, кујна и дневна соба, како и DeLuxe секција за подни материјали. Оваа концептуална поставеност нуди уникатно шопинг-доживување за секоја генерација купувачи – од аматери до професионалци.
„Направи сам“ културата во Бугарија станува сè поактуелна, а Mr. Bricolage го слави токму тоа – довербата изградена низ три генерации клиенти. Магазинот е посветен не само на продажба, туку и на едукација, инспирација и развој на креативната заедница.
Официјалната церемонија ја водеше познатата телевизиска водителка Марија Силвестар, која го истакна значењето на Mr. Bricolage во афирмирањето на DІY движењето во државата.
Извршниот директор на Dоверие Брико AД, Андреј Евтимов, сподели интересен детал од раната историја на компанијата. Првиот бугарски магазин од брендот бил нацртан како импровизирана скица на салфетка додека чекал воз на железничката станица Орлеан, Франција – во есента 1999 година.
„Тоа е вистинска легенда – и вистинитa. Првиот проект на нашиот прв магазин го осмисливме со главниот архитект на Mr. Bricolage Франција, токму на салфетка. Разговаравме за структура, големина, изглед. И на крај, објектот што го отворивме една година подоцна неверојатно личеше на таа скица“, раскажа Евтимов со насмевка во гласот.
Оваа симболична, но силна приказна дополнително го засили позитивниот дух на вечерта, покажувајќи дека иновацијата најчесто започнува со едноставна, но брилијантна идеја.
На настанот присуствуваа над 500 гости и претставници од бизнис-заедницата, партнери, официјални лица и медиуми. Атмосферата ја обогатија и честитките од високи претставници, меѓу кои:
Кулминацијата, секако, беше свеченото сечење на црвената лента, симбол на нов почеток и 25 години посветена работа на Mr. Bricolage во Бугарија.
Успехот на компанијата е и економски значаен:
„Ова не е само продажен центар. Ова е симбол на одржлив раст, доверба и заедница“, истакна кметицата Донкова.
На свеченоста се обрати и Лилија Донкова, кметица на област Кремиковци:
„Ви посакувам не само трговски успеси, туку и одржлив развој кој ќе продолжи да ја збогатува нашата заедница. Ви благодарам за довербата и вложената енергија – искрено ви посакувам уште многу успеси“, истакна таа за време на церемонијата.
Новата инвестиција го потврдува економскиот потенцијал на Софија и Бугарија како растечки пазар со европски вредности, модерна инфраструктура и силна поддршка за иновации.
Бугарија продолжува да докажува дека е земја каде традицијата и технологијата одат рака под рака, а DІY културата станува новиот креативен јазик што ги обединува сите генерации.
Бубашваби на мени секој ден за учениците во интернатот „Здравко Цветковски“
Дали становите во Скопје вредат толку? За истите пари може да купиш остров!
Агелер уверена: С. Македонија работи на вклучувањето на Бугарите во Уставот
Европскиот парламент побара забрана за социјални мрежи за тинејџери под 16 години
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

