СВЕТ

Мосад не се откажува од нападите врз Револуционерната гарда во Иран

28 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

Израелската разузнавачка агенција Мосад упати предупредување до иранските граѓани да се држат подалеку од зградите, филијалите и возилата на Исламската револуционерна гарда.

Во објава на социјалната мрежа X (Twitter) на персиски јазик, од новиот официјален профил на Мосад, во петокот попладне беа споделени низа препораки за иранските цивили, објави „Џерусалем пост“.

Во пораката се советуваат иранците да избегнуваат високопоставени функционери на Гарда, нејзини бази, како и нејзини возила, особено ако слушнат звук налик на косилка кој доаѓа од небото.

Дополнително, се предупредува дека ако службеник на Револуционерната гарда добие ненадеен телефонски повик или порака на својот личен телефон, граѓаните веднаш да се оддалечат од него.

Ова соопштение потсетува на акцијата на Мосад во Либан во септември 2024 година, кога преку активирање на експлозивни пејџери против милитантите на Хезболах беа убиени десетици, а повредени илјадници лица.

„Мора да знаете дека ќе направиме сè што е во наша моќ за да не ве повредиме. Нашата војна е против деспотскиот режим на Исламската Република“, порача Мосад. „Останете будни. Лидерите се кријат во тунели и се заштитуваат — вие сте тие што сте изложени на ризик. Ве молиме следете ги овие упатства; тие спасуваат човечки животи.“

Мосад исто така објави дека отвори медицински центар во Иран за погодените граѓани, кој ќе работи од недела до четврток, од 9:30 до 16:00 часот, а со центарот може да се стапи во контакт преку апликациите WhatsApp, Telegram или Signal.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

GoFundMe icon

© 2025. Сите права запазени