МНР на Бугарија за пукањето во Трамп: Политичкото насилство е неприфатливо и недемократско
Длабоко сме шокирани од ужасниот напад врз поранешниот американски претседател Доналд Трамп за време на настан од неговата изборна кампања, напиша Министерството за надворешни работи (МНР) на Бугарија на „Х“ (поранешен „Твитер“).
Им изразуваме сочувство на жртвата и посакуваме целосно закрепнување на повредените во нападот. Политичкото насилство е неприфатливо и некарактеристично за демократијата, пишуваат од Министерството.
Синоќа, за време на митинг, дошло до пукање во Доналд Трамп, при што поранешниот претседател бил застрелан во десното уво, објави Ројтерс, повикувајќи се на соопштение на ФБИ.