23 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека новиот мировен план на САД за Украина мора да биде координиран и усогласен со Европската унија, пренесува „Монд“. Тој ја поздрави иницијативата од Вашингтон, но нагласи дека европските партнери мора да имаат активна улога во преговорите.
Според Макрон, актуелниот американски предлог „не може да биде само американска иницијатива“. Во кулоарите на самитот на Г-20 во Јоханесбург тој истакна дека планот претставува позитивен чекор бидејќи нуди мир и ги адресира прашањата за суверенитетот и безбедноста.
Сепак, францускиот претседател предупреди дека секој мировен договор мора да содржи механизми за одвраќање:
„Знаеме дека ако во планот нема елементи на сдружување и заштита, Русија може повторно да се врати и да го прекрши даденото ветување.“
Макрон најави дека на 25 ноември ќе се одржи видеоконференција на таканаречената „коалиција на желни“, на која сојузниците ќе го разгледаат американскиот план за прекин на конфликтот.
Лидерите на ЕУ и Г7, кои исто така присуствуваа на самитот на Г-20, изразија став дека планот од 28 точки содржи важни елементи за правичен и траен мир, но оти е потребна негова доработка. Особено загрижува предложеното намалување на украинската армија, кое, според нив, би ја направило Украина ранлива на идни напади. Тие повторно потенцираа дека украинските граници „не смеат да се менуваат со сила“, и дека точките што се однесуваат на ЕУ и НАТО можат да бидат усвоени само со нивна согласност.
Како што пренесува „Билд“, европските држави сакаат измени во најмалку четири од американските точки. Тие не се согласуваат со предложените решенија околу териториите, со намалувањето на украинската воена сила и со плановите за руските замрзнати средства. Дополнително, европските партнери сметаат дека предложените безбедносни гаранции за Украина „може да не вредат ни колку хартијата на која се напишани“.
Според информации на „Шпигел“, европските сојузници веќе испратиле работна верзија на контрапредлозите до Вашингтон. На 23 април во Женева е закажана заедничка средба меѓу Украина, САД и ЕУ, на која ќе се разгледуваат сите точки од планот и можностите за нивно усогласување.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

