06 февруари 2026
• од Гоце Кически
Бугарската и балканската јавност е преплавена со реакции по веста дека Азис, еден од најпопуларните поп-фолк изведувачи, неодамна се венчал со својот партнер на интимна церемонија во Флорида. Фотографии и видеа од настанот експресно се проширија онлајн, предизвикувајќи лавина од честитки, коментари и поддршка од фанови, колеги и јавни личности.
Васил Бојанов, познат под уметничкото име Азис, со години е во фокусот на медиумите не само поради музичките хитови, туку и поради отвореноста со која зборува за својот идентитет. Долги години имаше шпекулации за неговата сексуална ориентација, а во интервју од 2017 година тој јавно откри дека е хомосексуалец, изјавувајќи:
„Значи Господ ме создал Ром, геј, дебел, само не ми дал некаква ужасна болест. … И со оваа дарба, како да ми се оддолжил.“
Оваа искреност и храброст одамна го позиционираа Азис како симбол на видливост и прифаќање, особено во општества каде што ЛГБТ+ заедницата сè уште се соочува со предрасуди. Неговата свадба не е само приватен чин на љубов, туку и позитивна порака дека љубовта и семејството имаат многу облици — и сите заслужуваат еднакво почитување.
Интересно е што по венчавката, пејачот го донесе својот партнер и во Бугарија, каде заедно ја посетија земјата и ја тестираа локалната кујна. Во објава на социјалните мрежи, Васил со радост напиша: „Го доведов со мене!“, што дополнително ја воодушеви публиката и предизвика нов бран позитивни реакции.
Во време кога јавните личности имаат огромно влијание, ваквите гестови придонесуваат за нормализација и видливост на ЛГБТ+ врските на Балканот. Свадбата на Азис во Флорида е уште еден чекор кон општество во кое различноста се слави, а љубовта — без разлика на полот — се признава како универзална вредност.
Возачите на ЈСП ќе ги плаќаат казните од свој џеб за сообраќајни прекршоци
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

