СВЕТ

Латвија воведе забрана за купување недвижности од страна на Руси и Белоруси

20 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

Парламентот на Латвија (Сејм) усвои нов закон со кој се ограничува можноста за купување недвижен имот од страна на државјани на Русија и Белорусија. Законот, насловен „За ограничување на трансакции што ја загрозуваат националната безбедност“, има за цел да ги заштити интересите на земјата, пренесува латвиската јавна радиотелевизија LSM.

Според законот, забраната се однесува на сите идни трансакции – односно, на купувања што ќе се случат по неговото стапување во сила. Тоа значи дека имотот кој веќе е во сопственост на руски или белоруски државјани нема да биде предмет на оваа забрана.

Сепак, постојат исклучоци. Граѓаните на Русија или Белорусија со постојан престој во Латвија ќе можат да купат едно станбено живеалиште. Исто така, имот што е наследен или стекнат со судска пресуда ќе може да се поседува. Интересно е што во последната фаза од разгледувањето на законот, беше отфрлена предлог-измена со која се бараше граѓаните на Белорусија кои добиле статус на бегалци во Латвија да добијат право на купување имот.

Слична забрана веќе постои и во Финска, каде што руските државјани може да купуваат недвижности само ако имаат дозвола за постојан престој.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени