28 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Премиерот на Албин Курти денес во Париз оствари средба со францускиот претседател Емануел Макрон, на која главни теми беа безбедноста во Европа, улогата на НАТО во Косово и европската перспектива на земјата, објавија приштинските медиуми.
Според информациите, Курти нагласил дека Косово останува целосно усогласено со надворешната и безбедносната политика на Европската унија, потенцирајќи дека државата бележи значителен напредок во реформите. Тој посочил дека Косово има напредок во 35 од 38 области, што, според последниот извештај на ЕУ, ја позиционира земјата меѓу најуспешните во регионот.
На средбата, косовскиот премиер побарал јасна и континуирана поддршка од Франција за европската интеграција на Косово, како и за неговото членство во меѓународните организации.
Курти исто така се осврнал на безбедносната состојба во земјата, истакнувајќи дека приоритет е заштитата на границите и зајакнувањето на домашните одбранбени капацитети. Во разговорите биле опфатени и односите со Србија, процесот на дијалог што се води во Брисел, како и имплементацијата на договорот за целосна нормализација на односите.
Дополнително, двајцата лидери разговарале и за економската соработка, со акцент на нови инвестиции и организирање бизнис форуми меѓу Косово и Франција, по успешниот форум одржан во февруари во Приштина.
Во контекст на идните активности, било споменато и организирањето на Медитеранските игри во 2030 година во Косово, што, според официјалното соопштение, претставува можност за засилено ангажирање и поддршка од Франција во подготовките за овој настан.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

