15 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Кризата со снабдување на горива што се најавуваше за наредната недела е избегната, откако Министерството за финансии на САД соопшти дека издало специјален лиценц кој овозможува продолжување на трансакциите со бугарските претпријатија поврзани со „Лукоил“. Информацијата ја пренесе БТА.
Според објавата на веб-страницата на американското Министерство за финансии, новиот лиценц отвора можност за преговори за евентуална продажба на странските активи на „Лукоил“. Со него им се дозволува на компании и банки да вршат деловни активности со „Лукоил Бугарија“ ЕООД, „Лукоил Нефтохим Бургас“ АД и нивните подружници сè до 29 април 2026 година.
Овој чекор практично значи дека нема да има недостиг од горива, иако претходно постоеше ризик поради воведените санкции против руската нафтена индустрија.
Покрај САД, и Велика Британија денеска издаде специјален лиценц со кој му се овозможува на бизнисот да продолжи да работи со две бугарски подружници на санкционираната руска компанија „Лукоил“, барем до февруари следната година.
Средината на минатиот месец британските власти воведоа санкции против најголемите руски производители на нафта – меѓу кои „Лукоил“ и „Роснефт“ – поради нивната улога во финансирањето на руската инвазија врз Украина. Набргу по нив, слични санкции воведоа и САД.
Денешниот ден беше особено динамичен во Бугарија. Прво, во Државниот весник беа објавени законските измени што овозможуваат назначување „посебен управител“ за бугарскиот бизнис на „Лукоил“. Веднаш потоа владата соопшти кого ќе го постави на таа функција – директорот на бугарската НАП, Румен Спецов, кој вечерва официјално беше назначен.
Очекувањата беа дека токму преку фигурата на посебниот управител – кој ќе ги контролира финансиските текови и ќе гарантира дека средства не се пренесуваат кон Русија – Бугарија ќе може да бара дерогација од санкциите.
Покрај тоа, од сега Спецов има и законска можност, доколку е потребно, да ја продаде рафинеријата во Бургас.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

