20 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова, во гостувањето во емисијата „Вести плус“ на Канал 5 телевизија изјави дека граѓаните се сѐ повеќе разочарани од власта и дека тоа ќе се одрази на претстојните избори.
Костова нагласи дека според сите сондажи – и оние на СДСМ, но и од независни истражувачки центри – се гледа јасен пад на поддршката за ВМРО-ДПМНЕ. Како најголема причина за тоа таа го посочи несправувањето со економските предизвици и финансиските проблеми во земјата.
„Шестоцифрен е падот на поддршката на ВМРО-ДПМНЕ. Најголемо разочарување граѓаните гледаат во немањето волја на Мицкоски и неговата партија за решавање на економските проблеми. Кога ДПМНЕ губи поддршка, тоа не секогаш веднаш се одразува во анкетите, но јасно се гледа на избори,“ истакна Костова.
Според неа, претстојните избори ќе ја потврдат оваа тенденција, при што ќе се покаже раст на поддршката за СДСМ и за опозициското расположение меѓу граѓаните.
Костова порача дека најлесниот и најбезбедниот начин да се сопре, како што рече, „автократското и корумпирано владеење на ДПМНЕ и Мицкоски“ е граѓаните достоинствено да се изборат против ваквите појави.
„Овие локални избори не треба да се гледаат само како обични локални избори. Тие се можност за отпор против криминогените, скандалозни и автократски тенденции кои ги демонстрира власта. Тоа е наша заедничка одговорност,“ потенцираше таа.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден