13 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Сирискиот претседател Ахмад ал-Шара, според пишувањата на повеќе медиуми, пристигнал во Белата куќа низ спореден влез, далеку од камерите и незгодните новинарски прашања за неговото минато. На медиумските екипи не им било дозволено да присуствуваат на состанокот во Овалната соба, јавуваат странските агенции.
Иако средбата се одвивала зад затворени врати, наводно се појавила снимка која ја прикажува необичната и топла добредојдeница што американскиот претседател Доналд Трамп му ја упатил на Ал-Шара.
Според истите извештаи, Трамп му приоѓа на сирискиот претседател со шише парфем во раката.
„Ова е машки парфем“, изјавил Трамп додека го вадел златното капаче и го испршувал Ал-Шара со миризбата. „Ова е најдобриот парфем“, додал, споменувајќи дека има и посебно шишенце за сопругата.
Во продолжение, американскиот претседател се пошегувал со прашањето: „Колку жени имаш? Една?“ Кога Ал-Шара се насмеал и потврдил дека има само една сопруга, Трамп пријателски го потплакнал по раката и со насмевка додал: „Со вас, никогаш не знам.“
Според медиумите, целиот настан бил дел од неформалниот дел од средбата, кој, судејќи според снимката, минал во опуштена атмосфера.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

