СВЕТ

Касим-Жомарт Токаев: Бугарија е важен партнер за Казахстан во Европа

10 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

Бугарија претставува значаен партнер за Казахстан во Европа, истакна претседателот на Казахстан, Касим-Жомарт Токаев, за време на официјалната средба со бугарскиот претседател Румен Радев во главниот град Астана.

Фокусот на посетата на претседателот Радев беше зајакнување на трговската и економската соработка меѓу Софија и Астана. Претседателот Токаев го пречека својот бугарски колега со свечена церемонија и воени почести во претседателската резиденција „Ак Орда“, една од најобезбедените згради во земјата, изградена во палатков стил. По церемонијата, двајцата лидери одржаа тет-а-тет средба, по што следеа разговори на делегациско ниво.

Во своето обраќање, Токаев нагласи:
„Бугарија е многу важен партнер за Казахстан во Европа. Подготвени сме да го унапредиме нашето партнерство во повеќе области. Казахстан е отворен за развој на заеднички инвестиции, особено во енергетиката, земјоделството, здравството и туризмот.“

Претседателот Румен Радев од своја страна ја истакна стратешката важност на Казахстан за Бугарија и поширокиот регион на Централна Азија. Тој потенцираше дека клучот за унапредување на односите меѓу Европската Унија и Казахстан лежи во поврзаноста:

„Потребно е да го искористиме геостратешкиот потенцијал на нашите две земји, кои играат клучна улога во поврзувањето на Азија и Европа. Важно е да ги истражиме сите можности за зајакнување на таа поврзаност.“

Во рамките на посетата, во присуство на двајцата претседатели, ќе биде потпишан меморандум за разбирање за развој на Транскаспискиот меѓународен транспортен коридор, познат како „Среден коридор“. Овој транспортен пат ги поврзува Кина, Казахстан, Каспиското Море, Азербејџан и Грузија, обезбедувајќи транспорт на милиони тони стока годишно кон Европа.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени