19 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
До 2028 година треба да биде завршен прекуграничниот железнички тунел меѓу Бугарија и Република Северна Македонија, изјави денеска заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт и комуникации на Бугарија во заминување, Гроздан Караџов.
Караџов учествуваше на седница на Бугарскиот парламентарен комитет за надворешна политика, кој едногласно ја поддржа ратификацијата на Договорот меѓу владите на двете земји за подготовка, изградба и функционирање на прекуграничниот железнички тунел. Договорот беше потпишан на 6 ноември 2025 година во селото Ѓуешево.
Според Караџов, станува збор за проект што внимателно го следи Европската комисија, а секоја држава која од овој момент ќе создава неоправдани пречки во неговата реализација ќе биде сметана за непостојан и недоверлив партнер. „Ова е тест за нас, иако сме членка на Европската Унија, но уште поголем тест за Република Северна Македонија, која е земја-кандидат за членство во ЕУ“, изјави тој, пренесуваат бугарските медиуми.
Министерот во заминување нагласи дека проектот е целосно заеднички, а не одделни градежни активности од двете страни. „Ова не се неколку ископи на едната и другата страна, туку еден интегриран заеднички проект“, истакна Караџов.
Тунелот трајно ќе биде управуван од заеднички комитет, при што двете земји ќе имаат обврска редовно да издвојуваат средства за негово одржување. Одржувањето, како и управувањето, ќе се спроведуваат заеднички, во согласност со договорените правила меѓу двете влади.
Бујар Дардишта уапсен при обид за бегство на граничниот премин Долно Блаце
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

