15 јуни 2025
• од Гоце Кически
Израелските одбранбени сили (IDF) денес објавија загрижувачки податоци за способностите на ракетниот арсенал на Иран, во кои се тврди дека иранскиот режим располага со ракети со дострел кој далеку го надминува Блискиот Исток и директно ја загрозува Источна Европа, вклучително и Балканот.
На прес-конференција на која беше прикажана мапа со радиусот на дострел на балистичките ракети на Иран, IDF посочи дека режимот во Техеран веќе располага со ракети што можат да достигнат до Северна Македонија, Бугарија, Албанија, Украина, па дури и делови од Централна Европа. Според експертите, ракети од класата „Шахаб-3“ и „Сеџил“ имаат оперативен дострел од околу 2.000 до 2.500 километри, а некои извештаи упатуваат на нови развојни модели со потенцијал од над 3.000 километри.
Воените аналитичари предупредуваат дека овие ракети можат да носат разновиден корисен товар, вклучувајќи експлозивни боеви глави со висока разорна моќ, а теоретски и нуклеарни боеви глави. Израелски воени извори шпекулираат дека Иран е многу блиску до развој на нуклеарна бомба и дека ракетите веќе се дизајнирани со опција да бидат модифицирани за такви цели.
„Ако не започневме со операцијата Rising Lion за да ги спречиме нуклеарните капацитети на режимот, денес ќе се соочувавме со директна закана по европските народи,“ изјави портпарол на IDF.
Воената операција Rising Lion, која започна кон крајот на мај, вклучува тајни и отворени напади врз клучни ирански нуклеарни и ракетни центри. Целта, според израелските власти, е „да се исклучи секоја можност Иран да добие оружје за масовно уништување.“
Западните сојузници засега не преземаат директна акција, но изразија загриженост и повикаа на деескалација. НАТО предупреди дека можниот развој на нуклеарно вооружен Иран значи дестабилизација на целиот евроазиски регион.
Иако Балканот досега се сметаше за периферен од безбедносна перспектива, новите податоци покажуваат дека регионот е целосно во досегот на иранските ракети. Северна Македонија, Бугарија, Албанија и други земји веќе спроведуваат безбедносни проценки и бараат координација со НАТО и ЕУ.
„Не е повеќе прашање дали, туку кога Иран ќе има нуклеарна бомба. Европа мора да се разбуди,“ изјави воен аналитичар од Тел Авив за „Једиот Ахронот“.
Ситуацијата останува тензична, а исходот од операцијата Rising Lion може да ја одреди безбедносната архитектура на целиот регион во наредната деценија.