05 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Изјавата на познатиот исламски предавач Елведин Пезиќ предизвика бурни реакции во јавноста во Србија и регионот, откако тој на својот профил објави коментар за видео-снимка во која се гледа муслиманка со хиџаб како се прегрнува со момче што носи традиционална српска шајкача.
Во својата објава, Пезиќ напиша дека „е харам муслиманка да прегрнува момче“, додавајќи дека тоа е „срамота за семејството и грев според верата“. Тој потенцираше дека неговата намера не е да „нападне луѓе“, туку да потсети на „принципите и границите што верата ги поставува“. „Верата има граници и тие не се бришат со емоции“, истакна Пезиќ.
Само во првите 24 часа, неговиот статус предизвика повеќе од 10.000 коментари. Дел од следбениците го поддржаа, велејќи дека „потсетува на исламските вредности и морал“, додека други го обвинија за нетолеранција, поделби и поттикнување на меѓунационална нетрпеливост.
Оваа дебата уште еднаш го отвори прашањето за односот меѓу верата, традицијата и современите општествени вредности, кои сè почесто се судираат во јавниот простор на Балканот.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

