22 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
Патниците кои патуваат за да го прослават новогодишниот период со своите блиски се соочуваат со вистинска голгота на унгарската граница. Според информациите што ги добивме од 4NEWS.mk, на унгарската граница се формирале колони со дури 33 автобуси, кои чекаат да го преминат излезот од земјата.
Автобусите доаѓаат од Германија и се насочени кон Македонија и Албанија, а во нив се наоѓаат патници од различни делови на Европа кои се враќаат дома за празниците.
Патниците сведочат за големи гужви и нервоза. Иако обемот на патници е значително зголемен поради празниците, царинските служби не работат со полн капацитет. Како што информираат од теренот, функционира само еден шалтер за проверка, што го продолжува времето на чекање и го прави патувањето уште понеподносливо.
Оваа ситуација не е невообичаена за периодот пред празниците, кога голем број на македонски и албански граѓани од дијаспората се враќаат во татковината. Меѓутоа, застојот на самиот почеток на патувањето преку Балканот укажува на тоа дека патниците ќе мора да издржат многу часови чекање пред да стигнат до своите домови.
Оваа ситуација ги става патниците пред сериозен тест на трпение и го нагласува проблемот со недоволната ефикасност на царинските и гранични контроли, особено во време кога миграциите се драстично зголемени.
Социјалната Помош и Пензискиот Фонд на Работ на Колапс – Што Да Очекуваме?
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

