19 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Германија мора итно да ја зајакне способноста за одвраќање од конвенционални и хибридни напади, предупреди генералoт на НАТО, Инго Герхарц. Тој е на чело на Оперативната команда на НАТО во Брунсум, Холандија, позната како Заедничка команда на НАТО силите.
На отворањето на дводневната конференција во Берлин, посветена на јакнењето на европската одбрана, Герхарц истакна дека клучниот предизвик со кој се соочува Европа е одвраќањето – и тоа веднаш, и против сите форми на притисок и агресија.
Според него, Германија мора да спроведе брзи реформи во областа на воените набавки, да го забрза спроведувањето на новиот закон за воена служба и да ја зголеми одбранбената подготвеност на целото општество.
„За инвестициите навистина да се претворат во одвраќање, институциите мора да се променат, процесите да се прилагодат, а најважно – целото општество да се вклучи“, истакна Герхарц.
Тој изрази жалење за долгата и политички напната дебата околу повторното воведување на воената служба во Германија, која беше решена дури минатата недела.
Герхарц предупреди дека Русија е свесна оти процесите за воени набавки во Германија траат со години, а индустријата се соочува со потешкотии во зголемување на производството на оружје. Според него, ова покажува дека Германија сè уште нема достигнато стратегиска зрелост соодветна на времето во кое живее.
Дополнително, тој истакна дека мора да се размислува како одвраќањето би функционирало во иднина во таканаречената „сива зона“ – хибридни напади кои можеби нема да го активираат член 5 од Повелбата на НАТО за колективна одбрана. „Треба да го преосмислиме нашиот пристап кон одвраќањето“, нагласи генералoт.
Регион кој традиционално бил симбол на поврзување меѓу европските држави, Балтичкото Море сè повеќе се претвора во подрачје на геополитички притисок. Според Герхарц, тоа станува место каде рускиот претседател Владимир Путин ја тестира способноста на Европа да одвраќа и да реагира.
Во Берлин се собраа политичари, воени претставници и експерти по одбрана за голема конференција, на која учествуваат повеќе од 140 предавачи, носители на панели и стратешки дискусии. Целта е јакнење на европската безбедност и дефинирање на нови одбранбени приоритети во контекст на растечките закани.
Ахмети му честита на Хамза: ПДК е државотворна партија и наследничка на УЧК
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

