09 јули 2025
• од Станча Јаќимовски
Одобрениот Годишен извештај за напредокот на Северна Македонија во процесот на нејзиното приближување кон Европската Унија предизвика силни реакции во Бугарија, откако Европскиот парламент реши од финалната верзија да ги отстрани сите спомнувања на „македонски јазик“ и „македонски идентитет“.
Министерот за надворешни работи на Бугарија, Георг Георгиев, од говорницата на бугарското Собрание изјави дека одлуката на Европскиот парламент е резултат на национално единство и заедничка работа на политичките партии во Бугарија.
„Ова е пример за тоа какви резултати можеме да постигнеме кога сме обединети,“ нагласи Георгиев. Тој го поздрави фактот што Европскиот парламент не дозволил да биде инструментализиран за внатрешнополитички цели на една земја кандидат.
Министерот изрази благодарност до сите бугарски политички лидери и европратеници кои, според него, дале придонес за тоа разумните аргументи да бидат слушнати. Посебно ги спомна Андреј Ковачев (ГЕРБ/ЕНП) и Ивајло Вълчев (ИТН/Европски конзервативци и реформисти), како и останатите претставници на сите политички партии.
„Ниту еден законодавен орган не треба да навлегува во прашања што се предмет на научна дискусија. Но, успеавме да го зачуваме фокусот на ЕУ-дебатата за проширување врз основа на заслугите на самите држави,“ истакна Георгиев.
Тој додаде дека пред само неколку недели темата се користела за внатрешнополитички обвинувања, но сега, според него, Бугарија покажала дека има глас и влијание во Европа.
„Кога сме единствени, можеме да постигнеме резултати што се важни, суштински и прагматични. Благодарен сум на сите парламентарни групи – и дома и во Европскиот парламент – за нивната разумност,“ заклучи министерот Георгиев.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден