СВЕТ

Георг Георгиев: Бугарија останува доследна на францускиот предлог

05 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

Министерот за надворешни работи на Бугарија, Георг Георгиев, денеска одржа вонреден брифинг во бугарското Народно собрание по повод одложувањето на гласањето на извештајот за напредокот на Северна Македонија на патот кон членство во Европската Унија.

Како што беше соопштено, Комисијата за надворешни работи при Европскиот парламент вчера одлучи да го одложи гласањето по барање на сите бугарски европратеници. Гласањето во парламентарната комисија е закажано за 24 јуни, додека во пленарната сала во Стразбур се очекува да се одржи во јули. Известувачот Томас Вајц како причина за одложувањето го наведе „напрегнатиот политички дијалог“ околу извештајот и потенцираше дека „прашањето за односот кон малцинствата е европско прашање“.

„Членството во ЕУ не е автоматска привилегија. Тоа се темели на јасни критериуми и услови што секоја земја-кандидат мора да ги исполни“, изјави Георгиев од говорницата во парламентот. На брифингот присуствуваа и пратениците Тома Биков (ГЕРБ), Габриел Вълков (БСП) и Станислав Балабанов (ИТН).

Георгиев им се заблагодари на пратениците за едногласната поддршка на резолуцијата со која бугарското собрание ја осудува Северна Македонија за, како што кажа, „ескалација на негативната реторика кон Бугарија“:

„Ова покажува дека ние сме целосно свесни и доследни во исполнувањето на нашите обврски. Строго се придржуваме до постигнатиот консензус од 2022 година, познат како францускиот предлог. Нема да отстапиме од него. Испративме јасен сигнал дека Бугарија е конструктивен партнер, дека знае што е добро за регионот и ќе води таков тип политика. Важен дел од одлуката на Народното собрание е дека не прифаќаме, ниту може да прифатиме дополнителни услови во процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ. Тоа е јасна и доволна порака за нашата принципиелност и доследност.“

Министерот исто така се осврна на стравувањата во Скопје дека евентуални уставни измени ќе доведат до нови барања од Бугарија, категорично одбивајќи такво сценарио:

„Јасно порачуваме – ако Северна Македонија ги исполни своите обврски, нема да има нови услови. Но, тие мора да ги исполнат постоечките.“

Оваа изјава доаѓа во време на зголемени тензии меѓу двете земји и повторно ја става европската перспектива на Северна Македонија под лупа.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени