СВЕТ

Франција воведува целосна забрана за пушење на јавни места каде што има деца

01 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

Од 1 јули, Франција ќе забрани пушење на сите јавни отворени простори каде што престојуваат деца, со цел да го заштити нивното здравје и да го намали изложувањето на пасивно пушење. Новата регулатива, објавена од министерката за здравство и семејство Катрин Вотрен, опфаќа плажи, паркови, јавни градини, површини пред училишта, автобуските станици и спортските терени.

„Тутунот мора да исчезне таму каде што се децата,“ изјави Вотрен за Ouest-France. Таа додаде дека „слободата на пушење завршува таму каде што започнува правото на децата да дишат чист воздух.“

Иако терасите на кафулињата и баровите нема да бидат опфатени со оваа забрана, прекршителите ќе се соочат со казна од 135 евра. За спроведувањето на новите правила ќе биде задолжена редовната полиција, но министерката изрази надеж дека граѓаните ќе покажат одговорност и ќе се самоконтролираат. Иако електронските цигари засега не се опфатени, Вотрен најави работа на нови ограничувања, особено во однос на дозволената количина на никотин.

Податоците од Францускиот центар за следење на дроги и зависност покажуваат дека 23,1% од населението во Франција пуши секојдневно – најниско ниво досега и значителен пад од над пет процентни поени од 2014 година. Сепак, пушењето и понатаму претставува сериозен здравствен проблем: според Националниот комитет за борба против пушењето, повеќе од 75.000 луѓе годишно умираат од болести поврзани со пушењето, што е околу 13% од сите смртни случаи во земјата.

Франција забрани пушење во затворени простори како ресторани и клубови уште во 2008 година. Иако беше најавено дека забраната ќе се прошири и на отворени јавни простори уште во 2024 година, регулативата не беше усвоена на национално ниво. Сепак, повеќе од 1.500 француски општини веќе воведоа сопствени забрани, додека стотици плажи веќе со години имаат статус на „непушачки“.

Анкетите спроведени од здружението La Ligue Contre le Cancer покажуваат дека околу 80% од Французите ја поддржуваат забраната за пушење на јавни простори како шуми, плажи, паркови и тераси. Новата мерка има за цел да го зајакне овој тренд и да обезбеди поздраво опкружување за најмладите граѓани на Франција.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени