19 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Финансиските министри на земјите-членки на Европската Унија (ЕУ) го поддржуваат влезот на Бугарија во еврозоната, јавува Бугарската национална телевизија (БНТ), повикувајќи се на нацрт-документ кој е предмет на разгледување. Овој нацрт треба да биде усвоен по завршувањето на дискусиите за конвергентните извештаи во рамки на Еврогрупата, како и на состаноците на Советот на министри за финансии што ќе се одржат утре и в петок во Луксембург.
Конечното одлука за членството на Бугарија во еврозоната од 1 јануари 2026 година ќе се донесе на 8 јули во Брисел.
Во документот се наведува дека Советот на ЕУ, преку министрите за финансии, ја дели оценката на Европската комисија (ЕК) и на Европската централна банка (ЕЦБ), дека Бугарија постигнала правна усогласеност и ги исполнува критериумите за конвергенција. Министерскиот совет, исто така, ја поздравува препораката на Еврогрупата за воведување на еврото како официјална валута во Бугарија.
Покрај поддршката, министрите силно ги охрабруваат бугарските власти и по 2026 година да продолжат со водење политика насочена кон постигнување здрави среднорочни фискални позиции. Тие препорачуваат да се забрзаат структурните реформи и инвестициите предвидени во Националниот план за закрепнување и отпорност, со цел да се одржи инфлацијата на ниво што е во согласност со критериумите и да се овозможи успешно учество на Бугарија во монетарната унија.
Нотарите бараат повисоки тарифи: „Земаме помалку од адвокатите за исти услуги“
Комисијата: Говорот на омраза кон Бугарите на Фејсбук е етничка дискриминација
Георг Георгиев: Случајот против Љупчо Георгиевски е политички мотивиран процес