Еврото со бугарска душа: „Боже, пази ја Бугарија“ ќе се чита низ цела Европа
Бугарската народна банка (БНБ) ги претстави финалните дизајни за националната страна на бугарските евромонети, кои ќе започнат да се користат од 2026 година – годината во која Бугарија официјално треба да го прифати еврото како своја валута.
Монетите ќе бидат достапни во сите стандардни евроденоминации: 1, 2, 5, 10, 20 и 50 центи, како и 1 и 2 евра. На сите нив ќе стои годината „2026“, а дизајните се освежени, но ги задржуваат клучните симболи што ја претставуваат бугарската држава.
Што ќе содржат бугарските евромонети?
- Натпис „БЪЛГАРИЯ“ на кирилица, со што се нагласува националниот идентитет и јазик.
- Круг од 12 ѕвезди, кој е дел од унифицираниот изглед на сите евромонети и го симболизира единството на Европската унија.
- Специјален натпис на монетата од 2 евра: „БОЖЕ ПАЗИ БЪЛГАРИЯ“, кој ќе биде врежан на нејзиниот раб – еден од највпечатливите детали во дизајнот.
Заднината на дизајнот
На заедничката страна на сите евромонети се наоѓа дизајнот на белгискиот уметник Луј Лукс, кој ја претставува Европа како дел од светот и ја симболизира економската и политичка унија меѓу земјите-членки на ЕУ.
Со усвојувањето на еврото, Бугарија ќе стане 21-та земја членка на еврозоната, а нејзините монети ќе бидат прифатени и користени низ целиот Европски сојуз.