27 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
Остануваат уште неколку денови до 2026 година и до официјалното воведување на еврото во Бугарија. Очекувањата за нови банкноти и монети во паричниците одат рака под рака со загриженоста на малиот бизнис – како да се избегнат грешки при враќање кусур во две валути.
Со цел да се спречи забуната уште од првиот ден, младо семејство програмери од Пловдив создаде бесплатен онлајн калкулатор за кусур. Платформата овозможува брзо и прецизно пресметување на износи во леви и евра и веќе е тестирана од десетици илјади корисници, уште пред земјата официјално да влезе во еврозоната.
Дијана Емилова, трговка на Женскиот пазар во Софија со 35-годишно искуство, признава дека никогаш досега не погрешила со кусур, но воведувањето на еврото ја загрижува. Според неа, работењето со две валути истовремено ќе биде исклучително тешко и дури размислува да престане со работа ако мора паралелно да пресметува и во леви и во евра.
Веб-страницата, создадена од програмерот Андон Гошев, функционира по едноставен принцип – се внесува платениот износ, а системот автоматски го пресметува точниот кусур. Проектот е целосно бесплатен и е создаден со цел да им помогне на малите трговци, такси-возачите и продавачите на пазари, кои немаат специјализирани системи за наплата.
Според Гошев, уште во првите пет дена страницата ја посетиле над 20.000 луѓе, а видеото со нејзина презентација на TikTok собрало повеќе од 250.000 прегледи. За него, ова е јасен показател дека граѓаните бараат практични решенија пред реалното воведување на еврото.
Калкулаторот може да им биде корисен не само на трговците, туку и на клиентите – како дополнителна проверка дали вратениот кусур е точен.
И покрај новите технологии, Дијана останува верна на својот начин на пресметување – наум. Таа признава дека нема да го користи калкулаторот и ќе продолжи да смета според сопствената логика, дури и ако тоа значи минимални разлики од неколку стотинки.
Вселенскиот Патријарх ја пофали Бугарија за еврото со ликот на Свети Иван Рилски
Бујар Османи: Албанците се понижувани и заплашувани во државна институција
УЈП испрати околу 10.000 покани за пријавување доход остварен во странство
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

