09 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
Советот на Европската унија усвои нова регулатива со која значително се забрзуваат и поедноставуваат процедурите за враќање на лица кои нелегално престојуваат во земјите-членки. Целта е да се подобри ефикасноста на системот, со оглед на тоа што голем дел од мигрантите на кои им е издадена одлука за напуштање на ЕУ не се враќаат во своите земји.
Според регулативата, утврдени се заеднички процедури што важат за сите држави-членки. Во документот се прецизираат обврските на странските државјани кои немаат право на престој, како и нови алатки за меѓусебна соработка меѓу земјите од ЕУ, соопшти официјалната веб-страница на Унијата.
Една од новините е можноста членките на ЕУ да основаат центри за враќање во трети земји, со што ќе се олесни логистичкиот и административниот процес на репатријација.
Министерот за имиграција и интеграција на Данска, Расмус Стоклунд, чия земја во моментов претседава со Советот на ЕУ, изрази задоволство од усвојувањето на регулативата. Тој истакна дека дури три од четири лица со решение за напуштање на ЕУ остануваат во блокот, што ја поткопува ефективноста на миграционата политика.
„Верувам дека новиот сет правила може значително да помогне во подобрување на овие бројки. Првпат државјаните на трети земји кои нелегално престојуваат ќе имаат јасно определени обврски, а земјите-членки ќе располагаат со многу подобри инструменти. На пример, ќе бидат можни подолги притворања, а забраните за влез ќе траат подолго“, изјави Стоклунд.
Тој додаде дека регулативата отвора можност ЕУ, самостојно или заедно со една или повеќе земји-членки, да склучи аранжмани со трети земји за воспоставување центри за враќање, што ќе претставува нов механизам во управувањето со миграцијата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

