07 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Бугарската воена индустрија и останатите одбранбени капацитети во ЕУ ќе добијат нова финансиска поддршка откако Европската комисија (ЕК) одобри пренасочување на средства од Фондот за закрепнување и отпорност (RRF) кон одбранбени проекти. Со оваа одлука, останатите 335 милијарди евра од фондот, првично наменет за зелена транзиција и дигитализација, сега ќе можат да се користат и за забрзување на производството на оружје и засилување на безбедноста.
Фондот беше формиран во 2021 година со вкупен износ од 650 милијарди евра, финансиран преку заедничко издавање на европски обврзници како одговор на економската криза предизвикана од пандемијата со Ковид-19. Според првичната намена, 37% од средствата беа предвидени за борба против климатските промени, а 20% за дигитална трансформација.
Новата насока на финансирање доаѓа во време на засилени безбедносни предизвици – континуираната војна на Русија против Украина и хибридниот притисок врз Западот, како и барањата од САД и Доналд Трамп за зголемување на трошоците за одбрана од страна на НАТО-сојузниците. Во таа насока, ЕУ гледа на овие средства како начин за брза реакција и градење на посилни одбранбени капацитети.
Европскиот комесар за економија, Валдис Домбровскис, посочи дека и покрај пренасочувањето на средствата, новите цели и натаму можат да бидат поврзани со зелената и дигиталната агенда – како што е шпанскиот план за зголемување на сајбер-безбедноста или инвестирање во подготвеност за кризни ситуации во други земји.
Сепак, правилата за користење на овие средства за воени цели сè уште не се прецизирани. Државите-членки имаат рок до август 2026 година да договорот со ЕК за конкретните трошоци и да добијат траншите од средствата. ЕК исто така побара од Европскиот парламент и владите на земјите-членки да дозволат користење на RRF-средствата како влог во заедничкиот Европски одбранбен фонд.
Некои земји предложија повторно издавање на европски обврзници за финансирање на одбраната, но имаше и противења. Пренасочувањето на веќе постојните средства од RRF практично го реализира концептот на заедничко финансирање без нови долгови.
Одлуката на ЕК да не го пролонгира крајниот рок за трошење на фондовите дополнително ги поттикнува земјите-членки да делуваат итно. Недоволната и бавна поддршка за Украина во оружје и муниција ги нагласи потребите за зголемување на европското производство и капацитети.
Во меѓувреме, НАТО работи на нов план за зголемување на воените трошоци – од сегашните 2% од БДП на 5%, од кои 3,5% би биле директно наменети за одбрана, а 1,5% за безбедносно поврзани сектори.
Овие чекори најавуваат суштинска промена во приоритетите на ЕУ, со јасна порака дека економската сигурност и одбранбената способност стануваат дел од новата европска реалност.
В'лчев со критики за ЕУ-извештајот: Не е работа на парламентот да признава идентитет
Приведен возач во Кавадарци поради управување со возило под дејство на алкохол