15 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Европската Унија остро го осуди секој чин на насилство, вклучително и заканите кон новинарите, и повика на итен прекин на ескалацијата на тензиите во Србија. Портпаролот на Европската комисија, Гијом Мерсие, изјави дека ЕУ „многу внимателно“ ја следи ситуацијата по синоќешните протести.
Мерсие нагласи дека правото на мирни демонстрации и слобода на собирање мора да се почитува, а властите имаат обврска да ги заштитат учесниците од штета или насилство. Во изјавата беше потсетено и на клучната важност на слободата на медиумите и изразувањето.
„Независните медиуми мора да можат да ја извршуваат својата улога како надзорници за да се обезбеди транспарентност и одговорност на јавните личности и институциите“, рече Мерсие, додавајќи дека овие прашања ќе бидат внимателно следени во рамки на преговорите за членство на Србија во ЕУ.
Еврокомесарот за проширување, Марта Кос, на платформата X изрази длабока загриженост поради извештаите за насилство за време на протестите. „Напредокот на патот кон ЕУ бара граѓаните слободно да ги изразуваат своите ставови, а новинарите да известуваат без заплашување или напад“, напиша таа.
Мерсие заклучи дека фундаменталните права и вредности се во сржта на заедничкиот европски проект и мораат безусловно да се почитуваат.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден