СВЕТ

ЕУ изрази загриженост за прекумерната употреба на сила против демонстрантите во Србија

04 јули 2025

• од Станча Јаќимовски

Комесарката за проширување на Европската Унија, Марта Кос, денеска изјави дека ЕУ внимателно ги следи извештаите за прекумерна употреба на сила од страна на српската полиција кон демонстрантите.

„Правата на мирни демонстрации и слободата на собирање и изразување мора да се почитуваат“, истакна Кос на социјалната мрежа X.

Таа додаде дека Европската Унија остро го осудува секој чин на насилство и говор на омраза, нагласувајќи дека почитувањето на основните права и вредности е суштинско.

Во сличен тон се огласи и Делегацијата на ЕУ во Србија, која го осуди начинот на кој полицијата постапувала кон граѓаните.

„Полициските акции мора да бидат пропорционални и да ги почитуваат основните права. Очекуваме брза, транспарентна и веродостојна истрага за наводите за прекумерна употреба на сила“, се наведува во нивното соопштение објавено на X.

Дополнително, Делегацијата на ЕУ потенцираше дека „секоја мерка на лишување од слобода или изрекување на кривична санкција мора да се заснова на основано сомнение за сторено кривично дело и да биде оправдана и пропорционална“.

Европската Унија продолжува да апелира до властите во Србија за почитување на демократските стандарди и човековите права.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

GoFundMe icon

© 2025. Сите права запазени