02 март 2026
• од Гоце Кически
Иранската Револуционерна гарда соопшти дека Ормускиот теснец е затворен и дека Иран ќе запали секој брод што ќе се обиде да помине низ него.
Ормускиот Проток е една од најважните морски рути во светот преку која секојдневно поминуваат голем број трговски и нафтени бродови. Заканата дека ќе бидат нападнати сите бродови што ќе се обидат да поминат претставува директен удар врз цивилната економија и глобалната трговија. Ова не е воена цел, туку рута што ја користат многу држави за транспорт на стоки и енергија.
Со оваа изјава, Иран испраќа порака на силна ескалација. Заканата за палење бродови значи зголемен ризик за цивилни екипажи, компании и пазари низ целиот свет. Потегот може да предизвика раст на цените на нафтата и дополнителна нестабилност во меѓународната економија.
Благојче Атанасоски: Македонија секојдневно живее во деветтиот круг на пеколот
ИДФ: Елиминирани лидери на „иранската терористичка оска“ во ескалација на конфликтот
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

