27 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Европската комесарка за стартапи, научни истражувања и иновации, Екатерина Захариева, објави на социјалните мрежи дека се сретнала со коосновачот на Microsoft и светски познатиот филантроп Бил Гејтс. Средбата, според неа, се одржала со цел да се разгледаат можностите за соработка меѓу Европа и фондацијата „Гејтс“ во неколку клучни области: глобалното здравство, климатските иновации и решенија базирани на научни истражувања.
„Возбудливи можности претстојат за науката, одржливоста и заедничкиот напредок“, напиша Захариева, не откривајќи конкретни детали од разговорот.
Бил Гејтс, кој веќе долги години е активен во филантропијата, неодамна изјави дека не сака луѓето да го паметат како човек што „умрел богат“. Тој најави дека ќе донира речиси целото свое лично богатство во следните две децении, со цел околу 200 милијарди долари да бидат насочени кон најсиромашните слоеви од светската популација преку фондацијата „Гејтс“.
На средбата со Захариева, се разговарало и за тоа каков дел од тие средства ќе бидат насочени кон европски проекти, особено во областа на науката, здравството и климатската одржливост. Останува да се види какви конкретни иницијативи ќе произлезат од оваа важна средба, но веќе сега е јасно дека Европа и фондацијата „Гејтс“ се подготвени за подлабока соработка на патот кон глобален напредок.