22 јануари 2026
• од Станча Јаќимовски
Данската премиерка Мете Фредериксен ја поздрави промената во позицијата на американскиот претседател Доналд Трамп во однос на Гренланд, нагласувајќи дека Копенхаген е подготвен за дијалог со Вашингтон, но без компромис за суверенитетот и територијалниот интегритет на државата.
Според Фредериксен, Данска е отворена за разговори со Соединетите Американски Држави околу американскиот проект за противракетна одбрана „Златен купол“, но исклучиво под услов да се почитува територијалната целовитост на Кралството Данска.
Таа го оцени како „добро и природно“ отворањето на прашањата за безбедноста на Арктикот на средбата меѓу Трамп и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, која се одржа за време на Светски економски форум.
Фредериксен појасни дека разговарала со Руте и пред и по неговата средба со Трамп, истакнувајќи дека Алијансата е целосно запознаена со ставот на Данска.
„Можеме да преговараме за безбедност, инвестиции и економија, но не и за нашиот суверенитет“, изјави таа.
Премиерката додаде дека Кралството Данска е подготвено за конструктивен дијалог со сојузниците за зајакнување на безбедноста во Арктикот, вклучително и во рамките на проектот „Златен купол“, но само со целосно почитување на националната територијална целовитост.
Во средата, Трамп објави дека е постигнато „рамковно“ спогодбено решение за Гренланд, кое предвидува пристап до минералните ресурси за САД и нивните европски сојузници, како и соработка во рамките на проектот „Златен купол“.
Според аналитичарите, ова претставува отстапување од претходната поостра позиција на американскиот претседател, кој во минатото инсистираше на контрола врз самоуправувачката данска територија и не ја исклучуваше можноста за употреба на воена сила.
Бугарија привлекува нова голема инвестиција: 10 милиони евра за фабрика во Бургас
77 милиони денари за храна во Идризово, студентите добиваат трипати помалку
„Стратешко партнерство“: Македонија без покана од Трамп за „Одборот за мир“
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

