СВЕТ

Данска бара одземање на правото на глас на Унгарија во ЕУ

04 јули 2025

• од Станча Јаќимовски

Данска повика Европската унија да го искористи целиот свој правен арсенал против Унгарија поради прекршување на основните вредности на блокот, пренесува „Политико“.

„Сè уште сме сведоци на прекршување на основните вредности“, изјави данската министерка за европски прашања Мари Бјере пред новинарите во Архус, каде што Европската комисија беше во посета во рамки на започнувањето на ротационното претседателство на Данска со Советот на ЕУ. „Затоа ќе ја продолжиме постапката според член 7 и сослушувањето за Унгарија“, додаде таа.

Член 7 од Договорот на ЕУ овозможува државите-членки да изгласаат суспендирање или санкционирање на членка што ги прекршува правилата на Унијата. Се смета за крајна мерка, која досега никогаш не била целосно применета, и покрај обвинувањата од Брисел дека Унгарија ги прекршила европските закони.

Бјере исто така порача дека блокот треба да размисли за ограничување на пристапот до европските фондови за држави кои не го почитуваат европското законодавство.

Друг важен приоритет за Данска е проширувањето на ЕУ. Министерката остро ја критикуваше континуираната блокада од страна на Унгарија на украинското членство во Унијата, нагласувајќи дека Данска е „подготвена да разгледа сите политички и практични решенија за да се продолжи напред“.

Доколку државите на ЕУ решат да ја ескалираат постојната постапка според член 7, тие би можеле да ѝ го одземат на Унгарија правото на глас за прашања поврзани со европската политика, вклучувајќи го и проширувањето, со што би се елиминирала можноста Будимпешта да стави вето на украинското членство. Сепак, дипломати предупредуваат дека за таква мерка би била потребна целосна поддршка од Париз и Берлин, која засега недостига.

Со оглед дека Унгарија сè уште цврсто се противи на украинското членство, се појавуваат шпекулации дека Европската комисија би можела да продолжи со кандидатурата на Молдавија, со отворање на првиот преговарачки „кластер“ во наредните денови. Молдавија и Украина досега се движат заедно во процесот на членство, па нивно раздвојување би предизвикало дополнителни спорови.

Сепак, Бјере нагласи дека Данска не е подготвена да ги раздели двете кандидатури: „Сè уште ни е цел да го отвориме кластерот број еден заедно со Молдавија и Украина“, изјави таа.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

GoFundMe icon

© 2025. Сите права запазени