03 август 2025
• од Станча Јаќимовски
На социјалните мрежи се појавија видеа од параклисот „Св. Ѓорѓи“ во селото Мусомишта, каде што, според снимките, се гледаат поставени бугарски знамиња по повод одбележувањето на Илинден. Според објавите, настанот е организиран од неколку повозрасни лица поврзани со организацијата ОМО.
Снимката покажува мирна сцена без звучна најава, каде што на просторот околу црквата се истакнуваат национални симболи на Бугарија. Не се забележуваат масовни собири, туку мал број луѓе во видно скромно, но симболично чествување.
Иако не постои официјална потврда за карактерот на настанот, видеото предизвика различни реакции на социјалните мрежи, особено поради употребата на бугарската национална симболика во време кога Македонија го одбележува Илинден – еден од најзначајните датуми во својата историја.