13 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Денес Народното собрание на Република Бугарија го ратификуваше Договорот меѓу Македонија и Бугарија за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8, со што се заокружи законската постапка за негово стапување во сила. Претходно, во декември, Договорот беше ратификуван и во Собрание на Република Северна Македонија, што значи дека се исполнети сите формално-правни предуслови за реализација на овој стратешки инфраструктурен проект.
Со ратификацијата се отвора патот за доизградба на железничкото поврзување меѓу Скопје и Софија, со понатамошна конекција кон Бургас, што претставува клучна алка во воспоставувањето на целосно функционален источен крак на Паневропскиот транспортен Коридор 8. Овој коридор има значајна улога во регионалната интеграција, економската размена и унапредувањето на трговските текови меѓу земјите од Југоисточна Европа.
Договорот беше потпишан на 6 ноември со заменик-претседателот на Владата на Бугарија, Гроздан Караџов, и претставува конкретен чекор кон продлабочување на економската соработка и зајакнување на меѓусебната доверба меѓу двете држави и двата народа. Изградбата на тунелот не е само инфраструктурен зафат, туку и симбол на стратешко партнерство и долгорочна визија за поврзан Балкан.
Покрај економската димензија, Коридорот 8 има и изразено безбедносно значење. Тој се смета за коридор од висок интерес за НАТО и за стратешките партнери на Македонија, особено во контекст на зголемена мобилност, логистичка поврзаност и стабилност во регионот.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

