СВЕТ

Бугарскиот премиер за тензиите на Блискиот Исток: Нема директна закана за Бугарија

14 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

Нема непосредна опасност за безбедноста на Бугарија по ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток, соопштија бугарските власти. Министерот за одбрана Атанас Запрянов го информирал премиерот Росен Жељазков во телефонски разговор дека ситуацијата се следи внимателно, но дека засега нема директна закана за земјата.

Во разговорот учествувале и раководителите на безбедносните служби, а според владината прес-служба, е зголемено набљудувањето на воздушниот простор над Бугарија како мерка на претпазливост.

Министерството за надворешни работи веќе ги известило бугарските амбасадори во Израел и другите земји од Блискиот Исток да воспостават постојана комуникација со бугарските граѓани што се наоѓаат во тие држави. Институциите и натаму ја следат ситуацијата со зголемено внимание.

Истовремено, претседателот на Бугарија, Румен Радев, одржа консултативна средба за проценка на можните ризици и закани за националната безбедност поради заострената безбедносна состојба во регионот на Блискиот Исток. На средбата учествуваа претставници од Министерствата за одбрана, внатрешни и надворешни работи, Државната агенција за разузнавање, Военото разузнавање и ДАНС (Државната агенција за национална безбедност).

Обсудени беа и превентивни мерки во случај на натамошна ескалација на кризата, како и можните сценарија за евакуација на бугарски граѓани од регионот, доколку биде потребно. Присутните анализираа и напредокот во спроведувањето на мерките донесени на седницата на Консултативниот совет за национална безбедност, одржана на 4 октомври 2024 година.

Министерството за надворешни работи денеска упати итен апел до бугарските државјани во Иран веднаш да ја напуштат земјата. Дополнително, бугарските граѓани кои се наоѓаат во Израел се повикани да останат смирени, да ги следат инструкциите на израелската цивилна заштита, и да се регистрираат во конзуларната служба при амбасадата во Тел Авив со точни контакт податоци и информации за планиран престој.

Исто така, од МНР ги повикаа бугарските граѓани кои се наоѓаат во Ирак, Бахреин, Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија да стапат во контакт со соодветните бугарски дипломатски претставништва и да достават информации за својата локација и времетраењето на престојот.

Бугарските власти уверуваат дека и покрај зголемените тензии во регионот, безбедноста на земјата не е директно загрозена, но институциите остануваат во состојба на засилена подготвеност.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени